Blog

Нова донација преку „Сите сити“ од 16.000 оброка до социјално загрозени граѓани

Денеска преку системот за донирање на вишок храна „Сите сити“ беа донирани 5 тона вишок храна или 16.000 оброка до социјално загрозени граѓани. Донацијата беше направена од компанијата „Виталиа“ која е лидер во производството на здрава храна во регионот и во континуитет поддржува активности од значење за општеството и заедницата.
Ова претставува најголема донација на храна досега и се радуваме дека заедно со оваа донација преку „Сите сити“ се донираа 9 тона храна или 28.000 оброка до социјално загрозени граѓани.
Ги повикуваме сите општествено одговорни бизниси да го следат примерот на компанијата „Виталиа“ и да се вклучат со донирање, наместо фрлање на храната, којашто им е исклучително потребна на илјадници социјално загрозени граѓани.
Воспоставувањето на првиот систем за донирање на вишок храна во Македонија, „Сите сити“, го создаде „Ајде Македонија“ со поддршка на Швајцарската амбасада во Македонија, УСАИД, Мировниот Корпус, Националниот Демократски Институт и Публицис.

Related Posts