„Let’s Do It! World“ е граѓански инспирирано масовно движење кое започнува во Естонија кога за време на 2008 година за еден еден се собираат 50,000 граѓани и ја ичистија земјата за само пет часа. Сега ова движење има меѓународен карактер, се одржува во 112 држави со преку 13 милиони учесници. 

 

Македонија за прв пат ја реализираше глобалната акција на “Lets do it world” на 6-ти октомври 2012 година со организирање на над 440 отпадни локации во 54 општини, во кои беа вклучени над 55 000 граѓани и отстранети 60 000 м3 отпад. Отпадот беше однесен во Дрисла и општинските депонии, а беа собрани и 20 тони пет амбалажа и над 10 тони хартија кои беа рециклирани од страна на постапувачите. Во акцијата беа вклучени 225 основни и 62 средни училишта со едукативни предавања и работилници од Зелениот Пакет Јуниор, собирање на стара хартија и акции за чистење на училишните дворови и околината.

Со оваа акција, Македонија ја заокружува својата прва успешна година во „Let’s Do It World“ движењето.

 

Националната  акција во 2013-та година се спроведе во 70 општини на вкупно 386 регистрирани локации, при што се собра 19 685 м3 отпад.Покрај општините и нивните комунални претпријатија, во активностите се вклучија и 70 училишта со преку 3.700 ученици, невладини организации, компании, 4 дипломатски  претставништва, а вкупна бројка на евидентирани учесници изнесуваше 61 637 граѓани.

 

Реализацијата на националната акција во 2014-тата покажа слични бојки како претходната година, односно се спроведе во 70 општини, учествуваа речиси 60 000 граѓани, се чистеа 252 отпадни локации и се собра 25 330 м3 отпад.

 

Нашата цел е да ја исчистиме цела Македонија од нелегално фрлениот отпад и да ја чуваме Македонија чиста. Ние работиме со ентузијазам и ги поддржуваме одржливите принципи за управување на отпадот во Македонија.

Придружите ни се’! Да ја исчистиме Македонија заедно!