
Што правиме
- Воспоставување на систем на трговци, дистрибутери и други субјекти кои обезбедуваат храна со локални граѓански организации да дистрибуираат вишок на храна до маргинализираната и несигурна заедница
Зошто?
- Имаме 445.099 граѓани (21% од населението) кои се борат со сиромаштија (заработуваат помалку од 2.667,61 евра годишно за едно четиричлено семејство) и немаат доволно храна секој ден. Во моментов имаме 50 јавни кујни кои обезбедуваат 1 оброк дневно на 3.500-4.000 граѓани, само мал дел од населението кое има потреба, со огромна цена од 1.572.392 € – 1.778.457 € годишно, поради тоа што храната е купена наместо искористена од над 5.000 тони вишок на храна што се депонира секоја година.