Менаџмент

 

Блаже Јосифовски

Блаже Јосифовски

Претседател на Ајде Македонија

Блаже е Претседател на Ајде Македонија и е дел од организацијата од нејзиното основање во 2011, почнувајќи како волонтер. Тој ги предводел напорите да се спроведе анализа на трошоци и придобивки поврзана со управувањето со отпадот во Македонија во периодот 2009-2015 од страна на Ајде Македонија. Исто така, го координирал воспоставувањето на 2 пилот системи за повторна употреба на текстил и повторна дистрибуција на храна како и акции преку кои се мобилизираа повеќе од 40,000 граѓани во текот на минатите 2 години.
Пред Ајде Македонија, Блаже работел за зелената мрежа на ЕУ и Мрежата за Кооперација и Развој на Источна Европа во Брисел како член и Претседател на Извршниот Комитет. Тој работел и на образовни активности и активности за граѓански активизам со младински организации низ Европа (со посебен акцент на Источна Европа).
Блаже е магистер за човечки ресурси при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Марија Костовска

Марија Костовска

Финансиски менаџер

Марија е финансискиот менаџер на Ајде Македонија. Пред тоа, таа беше финансиски менаџер на проекти како: „Поддршка на процесот на децентрализација, воведен од Финската Консултантска Компанија, финансиран од Европската Агенција за Реконструкција / ЕЦ Делегација Скопје; Програма за развој на Обединети Нации – Подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка; Надворешни активности за етнички-мешани деца на училишна возраст, проект воведен од Консултантскиот конзорциум за човечка динамика, проект финансиран од ЕУ, предводен од Европската агенција за реконструкција.

Марија е еден од основачите и активист на граѓанската иницијатива „Чист воздух“ и дел од „О2 коалицијата за чист воздух“.

Камерон Бертел

Камерон Бертел

Волонтер на Мировен корпус

Камерон е волонтер на Мировен корпус што моментално служи во Македонија. Тој ја поддржува Ајде Македонија во стратешко планирање, развој на програми и прибирање финансиски средства. Пред да се приклучи на Мировен корпус, Камерон работел за продавниците Волмарт на мулти-канална програма за развој, создавајќи нови алатки за потрошувачите да можат да пазарат на нивните мобилни телефони и од дома и претходно работел во тим за стратегија за заштита на здравјето и бизнис развој во склоп на Здравствената и велнес дивизија на дивизијата Клубот на Сем. Камерон е магистер за бизнис администрација при Универзитетот Рајдер.

Елена Ангеловска

Елена Ангеловска

Едукативен соработник

Елена го води едукативниот дел од програмата на Ајде Македонија. Таа работи во областа на храната во последните 3 години, развивајќи едукативни програми кои се однесуваат на здравата и балансирана исхрана кај децата и луѓето. Елена континуирано организира работилници каде зборува за придобивките од здравата исхрана. Таа има завршено Магистерски студии од областа на Развојна психологија и го користи своето искуство во подигнување на свесност за важноста на менталното здравје врз целокопупната добросостојба.

t]